spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Сребрен медал со златен сјај од Тбилиси

АМС: Сребрен медал со златен сјај од Тбилиси

Сребрениот медал за Витомир Трајковски на Европското карате-првенство што од 9 до 11 февруари се одржа во Тбилиси, Грузија беше причина за организирање на прием во Агенцијата за млади и спорт.

Директорот Наумче Мојсовски потенцираше дека зачестените посети на каратистите укажуваат на квалитет кој го поседуваат нашите каратисти и дека можеме да заклучиме дека во овој спорт сме рамо до рамо со најразвиените европски земји.

-За мене Витомир е победник поради фактот што тој е носител на сребрен медал без ниеден пораз, додаде Мојсовски.

Претставникот на KK „Макпетрол“ е единствениот член на македонската репрезентација кој на шампионатот се закити со одличје. Трајковски се натпреваруваше во возрасната категорија У-21, и се пласира во финалето во тежинската категорија до 84 килограми. Тој освои сребрен медал по нерешениот резултат од 3-3 во финалната борба, бидејќи Ерменецот Гор Нерсисјан зема прв поен во натпреварот.

Витомир Трајковски претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството и тоа со Давиде Лучијани (Италија) 3-2, Мелос Гаши (Албанија) 1-0, Никита Сахвон (неутрален) 6-1, додека пак во полуфиналето беше подобар од Салих Халиловиќ (БиХ) со 2-1.

На меѓународниот собир настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.

На приемот присуствуваа претставници од карате федерацијата, како и неговиот тренер, селектор, чие мислење е дека моменталната позиција на Витомир на светстката ранг листа во У21 (3), како и моменталното 56 место во сениорска категорија ја иницираат потребата за учество на сите претстојни Премиер и Светски лиги и собирање на поени за влегување во 32 најдобри во светот, како предуслов за настап на светско првенство, што е новина во светот на каратето.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...