spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Центрите за социјална работа соочени со заминување на стручниот кадар

МТСП: Центрите за социјална работа соочени со заминување на стручниот кадар

Министерот за труд и социјана политика, Ѓоко Велковски вчера оствари работна средба со раководствата на сите центри за социјална работа во државата, а се со цел да се исклучат сите можности за злоупотреба на системот во изборниот процес.

Овие центри се првата карика во системот на социјална и детска заштита и доколку тиe не функционираат, системот се распаѓа. 

На средбата со директорите беа изнесени проблемите со заминување на кадар, односно стручните работници кои треба да помагаат на граѓаните во социјален ризик давале откази од центрите за социјална работа заради лошите услови за работа и лошите реформи кои се случија изминатите шест години.

Вработените велат дека неиздржливо е да се работи во распаднат систем.

„Во наредниот период треба да ги извршувате вашите работни задачи на најпрофесионално ниво и да не потпаѓате под притисоци! Ветив дека системот на социјална заштита ќе претрпи целосен ремонт за да граѓаните и вработените како нивен сервис го добијат вистинското место во ова општество”,наведе Велковски.

Во државава има 30 центри за социјална работа, односно во секое поголемо населено место.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

Охрид: Успешно реализирана еколошката акција „Генералка Викенд“

0
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти...