spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Бочварски од Карбинци - Им помагаме на сите општини за да...

МТВ: Бочварски од Карбинци – Им помагаме на сите општини за да обезбедиме подобар животен стандард за граѓаните

Во рамките на работната посета на источниот регион, министерот Благој Бочварски ја посети и општина Карбинци каде со градоначалникот Виктор Паунов, извршија увид во изградба на локалниот пат од н.с. Таринци до н.с. Долни Балван.

Проектот е финансиран од страна на Министерството за транспорт и врски како дел од проектот за поврзување со локални патишта на општините и истиот е во вредност од 30 милиони денари.

Изградбата на патот се одвива согласно планираната динамика, прогресот е околу 75% и се очекува истиот да биде пред летниот период.

„Силно сме фокусирани на модернизација на патната мрежа, каде инвестираме преку 2 милијарди евра за што најдобро говорат бројките и проектите кои се работат на терен. Особено внимание посветуваме на подобрување на локалните патишта и улици каде преку Министерството за транспорт и врски даваме директна поддршка од вкупно 70 милиони евра на сите општини и помагаме на сите граѓани преку изградба на квалитетни патишта. Овој пат е инвестиција од 30 милиони денари неповратни средства за општината кои ги обезбедивме преку Министерството за транспорт и врски. Во овој момент активно се работи на подготовка за асфалтирање, се работи на поставување на електрична инсталација, исто така со проектот е предвидена и изградба на пешачка патека во должина на целиот патен правец. Овој локален пат кој ги поврзува двете населени места беше барање токму на локалното население и ние како централната власт уште еднаш покажавме дека имаме слух за сите граѓани.“ – изјави министерот Бочварски.

Поддршката за општините ќе продолжи и во следниот период заради подобри услови за живот на граѓаните, за развивање на регионите и се вкупно за просперитет на државата, додаде министерот Бочварски.

До сега реконструирани се преку 180 локални улици и патишта во преку 70 општини низ државата.

Извор: Влада

Прочитајте

Делчево: Известување за достава на Решенија за данок на имот за...

0
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека службите од Општина Делчево започнаа со редовната теренска достава на Решенија за данок на имот за 2024 година, и Решенијата...