spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова на петтиот јубилеен Ден на Националната инфраструктура на просторни податоци...

МЖСПП: Шукова на петтиот јубилеен Ден на Националната инфраструктура на просторни податоци во Република Северна Македонија

PP_Ministerka_Kaja Sukova

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска учествуваше на петтиот јубилеен Ден на Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП) во Република Северна Македонија, на кој се разговараше за актуелностите во НИПП, а беа презентирани и постигнатите резултати во нашата држава, како и позитивните искуства од државите од регионот.

Во своето воведно обраќање, министерката Шукова информираше дека Министерството за животна средина и просторно планирање  од самиот почеток е активно вклучено во воспоставувањето на Националната инфраструктура за просторни податоци и Геопорталот на НИПП кој овозможи интегрирање на просторните податоци од различни извори во една мрежа, а учествуваше и во изработката на законското решение, а подоцна и во номинирање на член во советот и работната група за технолошки прашања.

Prostorni_planovi_Ministerka_Kaja Sukova_1

– Во последниве неколку години нашето Министерство засилено инвестира во развој на ВЕБ ГИС апликацијата за прибирање, обработка и презентирање на геопросторните податоци од делокругот на работењето на Министерството, а оваа година обезбедивме  средства за изработка на ВЕБ базиран информативен систем и интегрирање на геопросторните податоци во гео-дата база согласно INSPIRE директивата. Наша цел и предизвик е да овозможиме побрза и поефикасна обработка на барањата испратени од заинтеренсираните субјекти што се однесуваат на просторна идентификација, издавање на мислења, одобренија, дозволи и слично, а пред се да го олесниме јавниот пристап до податоците поврзани со заштитата и следењето на животната средина – истакна таа.

Инаку, Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за катастар на недвижности, која ги координира НИПП активностите и е надлежна за воспоставување и одржување на пристапот до геопорталот за НИПП, имаат потпишано Меморандум за соработка, со што е потврдена подготвеноста за размена на геопросторни податоци помеѓу овие две институции.

На настанот се обрати и Фатмир Битиќи, претседател на Советот на НИПП и заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестициии директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев, а  учество земаа и гости од повеќе земји од регионот кои го презентираа нивното искуство од областа на националната инфраструктура на просторни податоци.

Оџаклиеска на отварањето на обука на ИСРСМ наменета за експерти -претставници на индустријата и академијата од технички комитети

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...