Во Општина Петровец во тек е изградба на нова детска градинка, клон на постоечката детска градинка Авионче од Петровец. По тој повод министерот за Труд и социјална политика – Ѓоко Велковски, заедно со директорот на Скопски плански регион – Јане Мицевски и пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, денес беа во Општина Петровец за одблиску да се запознаат со текот на градежните активности поврзани со изградбата на детската градинка.
Градоначалникот Борче Митевски се обрати пред присутните и медиумите и истакна дека за отприлика еден месец треба да заврши првата фаза од изградбата на објектот а тоа е изградбата на карабината. Потоа следи втора фаза на градба на објектот, за која се вршат припреми и во тек е припрема за распишување на тендер за истиот.
Воедно, Градоначалникот Борче Митевски, министерот Ѓоко Велковски заедно со пратеничката Марија Петрушевска оствари средба со пензионерите каде ги слушна нивните потреби и проблеми со кои се сочуваат како пензионери со цел решавање на истите.
Извор: Општина Петровец