spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Заврши целосната реконструкција на детската градинка „Пчелка 2“ во населба Лисиче

Аеродром: Заврши целосната реконструкција на детската градинка „Пчелка 2“ во населба Лисиче

Со реновирање на внатрешноста на објектот, Општина Аеродром ја заврши втората фаза од проектот за реконструкција на објектот на клонот „Пчелка 2“ во населбата Лисиче кој е дел од детската градинка „Буба Мара“. Инвестицијата опфати промена на подот, бојадисување на ѕидовите, промена на осветлувањето и комплетна реконструкција на останатите делови од внатрешноста.

Градоначалникот Муцунски кој денес ја посети детската градинка истакна дека реконструкцијата на овој, но и други објекти за социјална заштита, се потврда за одговорниот однос кон јавните средства и грижа за дечињата во Аеродром, нагласувајќи дека унапредувањето на условите со ваков тип инвестиции ќе продолжи и во текот на целата година.

Во првата фаза беше реконструиран надворешниот дел од објектот, а со целосното завршување на реконструкцијата, овозможивме енергетска ефикасност на објектот и подобри услови за дечињата кои се згрижени тука. Проектот се реализираше со средства од буџетот на Општина Аеродром.

27.02.2024

Општина Аеродром

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МОН: Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на...

0
Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки...