spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Изјава

МНР: Изјава

Неодамнешната акција на војските на Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, со поддршка од Австралија, Бахреин, Канада, Данска, Холандија и Нов Зеланд, сведочи за заедничка меѓународна посветеност кон борбата против тероризмот, зачувувањето на пловидбените права и слободи, унапредувањето на меѓународната трговија и одбраната на животите на морнарите и поморските сили од незаконски и неоправдани напади. Ги поддржуваме коалициските сили што ги извршија нападите.

Ги поддржуваме напорите на Соединетите Американски Држави и нивните партнери за одбрана на животите и заштита на слободниот проток на трговијата  од непрекинати закани.

Целта на овие напади е да ја нарушат и намалат способноста на хутите за продолжување на нивните напади врз светската трговија и невините морнари од целиот свет, истовремено избегнувајќи ескалација.

Извор: Министерство за надворешни работи

Прочитајте