spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Повисоки плати за вработените на УКИМ за 22%, почнува примената на...

МОН: Повисоки плати за вработените на УКИМ за 22%, почнува примената на новиот колективен договор

Вработените на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од овој месец ќе добиваат повисоки плати во просек за околу 22%, а ретроактивно ќе им се исплати и разликата за месец јануари. Со ова започнува исполнувањето на обврската на државата која произлегува од колективниот поединечен договор на оваа високообразовна установа потпишан на 29.12.2022 година, а со примена од 1.1.2024 година.

Вкупно 3000 професори, асистенти, административни и технички лица ќе почнат да добиваат зголемен износ на личниот приход по основ на плата за околу 22%, а дополнително зголемување за одреден процент ќе има и од месец март, кога е предвидено и зголемување на минималната плата во државата. Станува збор за обврска согласно колективниот поединечен договор потпишан помеѓу Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија како основач на високообразовната установа, а чија цел е унапредување на правата, можностите и материјалната состојба на вработените на универзитетот.

Примената на договорот се очекува значително да ја подигне мотивацијата за работа и квалитетот на наставно – научниот процес, во интерес на студентите и создавање што поквалитетни генерации кои успешно ќе се интегрираат и ќе раководат со општествените процеси.

Министерството за образование и наука во координација со другите надлежни институции ќе се залага за унапредувањето на правата на вработените во високото образование и науката да продолжи и во иднина, а приоритет ќе биде поттикнување на склучување нови колективни договори и со останатите универзитети.

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...