spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: ШУКОВА - Јапонија е долгогодишен поддржувач на Република Северна Македонија во...

МЖСПП: ШУКОВА – Јапонија е долгогодишен поддржувач на Република Северна Македонија во областа на животната средина

– Јапонија е долгогодишен поддржувач на Република Северна Македонија во областа на животната средина, a oдржување и зајакнување на соработката и на локално ниво придонесува за социо-економскиот развој на локалните заедници, како што овој пат е примерот со општина Ранковце –  истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во поздравното обраќање на церемонијата на потпишување на грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност (GGP) за фискалната 2023 година.

1  ШУКОВА: Јапонија е долгогодишен поддржувач на Република Северна Македонија во областа на животната средина

На церемонијата, амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција Оцука Казуја потпиша пет договори за нови грант проекти со три јавни здравствени институции, едно основно училиште и една општина, во вредност од повеќе од 300,000 ЕУР.

Еден од проектите е набавка на комунална опрема (возило) за Општина Ранковце, со што се помага во обезбедување на потребната опрема за воспоставување на одржлив систем за управување со отпад.

2  ШУКОВА: Јапонија е долгогодишен поддржувач на Република Северна Македонија во областа на животната средина

Со овие пет проекти, Јапонија продолжува да придонесува за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Република Северна Македонија, преку обезбедување на подобри здравствените услуги во јавните здравствени установи, подобрување на образовната средина во основните училишта и градинките и подршка на општините кон обезбедување поздрава животна средина.

3 ШУКОВА: Јапонија е долгогодишен поддржувач на Република Северна Македонија во областа на животната средина

Годинава се одбележува и 30 години дипломатски односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија. Јапонија, како што рече амбасадорот Казуја, досега преку Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност донирала околу 9,2 милиони евра за различни проекти во нашата држава. Во областа животна средина досегашната соработка се одвивала преку Јапонска Агенција за меѓународна соработка – JICA, а позначајна проектна активност е изготвување на Студија за одржливост на модернизација и доизградба на колекторскиот систем за Охридско Езеро и надградба на постојната пречистителна станица за отпадни води во Враништа.

На церемонијата покрај потписниците, присуствуваа и прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за здравство Фатмир Меџити, а министерот за надворешни работи Бујар Османи упати видео порака.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...