spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Средба на министерот Велковски со амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер

МТСП: Средба на министерот Велковски со амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер

Заедничкиот став кој произлезе од средбата на македонскиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер е дека соработката помеѓу двете држави треба да се продлабочи на полето на социјалните политики.

Соработката во минатото била на полето на неколку проекти од социјалната заштита, а иднината на соработката треба да ја гледаме на полето на демографијата. 

И двете држави се соочуваат со проблемите на модерното време и затоа мора да преземеме сет на мерки за подобрување на состојбата, беше речено на средбата.

На средбата, министерот Велковски истакна дека приоритет е подигнување на транспарентноста и ефикасноста на работата на министерството и дека европските фондови и натаму остануваат отворени за поддршка на проекти и мерки од кои крајниот бенефит е наменет за граѓаните. 

На средбата беше споделена и заложбата за фер и демократски избори кои ни претстојат во наредниот период.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

Карпош: Еко викенд со ,,Генералка Викенд“

0
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, ,,Генералка Викенд“, во која се спроведе активно чистење на територија на цел Карпош,...