spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Франција е голем поддржувач за едукација и искуства за зајакнување на...

МЗ: Франција е голем поддржувач за едукација и искуства за зајакнување на здравствениот систем

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, денеска оствари прва официјална средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Сирил Бомгартнер, на којашто се дискутираше за актуелните предизвици, за реформите, но и за активностите што е предвидено да се преземат во следниот период во јавното здравство.

Демири, го информираше францускиот амбасадор Бомгартнер за здравствените политики што се имплементираат во здравствениот сектор и разговараа за ЕУ перспективата на земјава.

На средбата, беше истакната традиционалната добра соработка меѓу Северна Македонија и Франција со оглед на големиот број на лекари и професори што се едуцирале во Франција. Посебен акцент беше ставен на размената на искуствата помеѓу двете земји, со цел зајакнување на здравствениот сектор, како и зголемување на присуството на Франција не само во Македонија, туку и во сите земји од Западен Балкан.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте