spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Работен состанок за важноста на редовна вакцинација кај децата

Ѓорче Петров: Работен состанок за важноста на редовна вакцинација кај децата

Во просториите на Општина Ѓорче Петров одржан беше работен состанок заедно со сите директори на основните училишта, како и со директорката на детската градинка ,,Росица”, на кој што се разговараше за важноста на хигиената на здравјето на учениците од основните училишта, децата од предшколска возраст, како и на најмалите дечиња во градинките.

Како стручни лица од здравството присуствуваа Др. Марина Пентовска, Др. Маја Даневска Десовска, Др. Катерина Цветковска Стаменковска и Др. Валентина Тотиќ од Поликлиника Ѓорче Петров.

На состанокот се потенцираше итноста за тоа дечињата да имаат направено систематски преглед, да се изврши процесот на задолжителна вакцинација, како и да се обрне внимание на тоа дечињата да имаат уредна стоматолошка слика, се со цел да се избегнат несакани последици и епидемиолошки појави во текот на учебната година. Наша должност како одговорни лица во Општината и во образовните колективи е да направиме се што е во наша моќ, нашите најмлади жители да бидат здрави и подготвени за следење на наставата во текот на целата година.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Охрид: Успешно реализирана еколошката акција „Генералка Викенд“

0
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти...