spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ѓорѓиевски постави мерна станица во парцелата на Цементарница УСЈЕ

Кисела Вода: Ѓорѓиевски постави мерна станица во парцелата на Цементарница УСЈЕ

Со цел да се контролира загаденоста на воздухот во близина на Цементарница УСЈЕ АД, Општина Кисела Вода постави мерна станица во парцелата на компанијата.

Се работи за уред кој поседува инструмент од типот Аeroqual AQS-1. Класата на точност за мерење на PM 10 честички е во две мерења и опфаќа честичките PM1, PM2.5; PM 10 и TSP. Опсегот на големина на честичките е од 0.1микрометар до 40 микрометри. Мерењата ќе се вршат согласност стандардите и директивите на ЕУ.

-Денес исполнуваме уште едно ветување од мојата предизборна програма, кое што на нашите жители ќе им обезбеди увид во квалитетот на воздухот во близина на фабриката Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Како локална самоуправа, Општина Кисела Вода прави се што е во рамки на своите ингеренции за на граѓаните да им обезбеди поквалитетен воздух и подобра еколошка средина. На потег се сега надлежните, односно неминовна е потребата од неселективен ангажман на градот Скопје и на централната власт преку своите ресорни Министерства, кои имаат ингеренции над овој индустриски капацитет, бидејќи здравјето на граѓаните мора да биде на прво место.  

Во изминатите две години, ја ставивме во функција мерната станица кај Домот на култура “Билјана Беличанец”, секоја година по неколку пати организираме масовни акции за пошумување, доделуваме субвенции за набавка на печки на пелети и на пелети како еколошки енергенс, интензивно работиме на имплементација на проекти за енергетска ефикасност. Во Буџетот за 2024 година предвидовме средства и за набавка на фотоволтаици, со што ќе се штеди енергија, парични средства и ќе се намали загадувањето. Заштедата исто така може да се искористи во нови инвестиции за еколошки проекти. Говорејќи за проектите за заштита на животната средина, сакаме да потенцираме дека во Буџетот на Општина Кисела Вода за претстојната 2024-та, како никогаш досега, акцент е ставен токму на оваа сфера. Мерната станица поставена во близина на Цементарница Усје АД е уште една потврда дека Кисела Вода работи на обезбедување на  најдоброто за своите жители и повторно апелираме за поголема свесност кај институциите кои имаат директна надлежност околу решавањето на овие горливи проблеми што директно го задираат здравјето и животот на граѓаните-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте