spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП „Водовод и канализација“, извршија увид во градежните активности за реконструкцијата на водоводната мрежа во населеното место Љубанци во општина Бутел. 

Градежните активности на терен опфаќаат реконструкција на водоводна мрежа на улицата 1 во Љубанци, со нови приклучоци на градската водоводна мрежа, а со реализацијата на овој инфраструктурен проект, жителите добиваат поквалитетно водоснабдување.

Градот Скопје континуирано работи на мрежата за водоснабдувањето согласно предвидените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на предизвиците и реализација на барањата на граѓаните во делот на подземната инфраструктура се важен сегмент.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте

Аеродром: Станете волонтер на Европскиот младински олимписки фестивал!

0
Општина Аеродром ќе го поддржи Македонскиот олимписки комитет во организацијата на овогодишното издание на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, што ќе се...