На работната средба за Годишниот оперативен план за 2024 година, на проектот: „Одржлив и инклузивен регионален развој – Фаза 2“ поддржан од Швајцарската влада, активно учество имаше министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, потенцирајќи силна посветеност кон поддршка на проекти кои целат кон остварување на одржлив и балансиран регионален развој.
Овој проект е клучен за поттикнување на раст и развој во сите региони, со особен акцент на инклузивност и еднаквост. Заложбата за остварување на овие цели е од суштинско значење за создавање на подобра иднина за сите граѓани.
Преку оваа средба, потврдивме дека сите заедно, со визија и активна соработка меѓу сите сектори на општеството, можеме да изградиме посилни и поодржливи општини.