spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Соопштение

МП: Соопштение

За време на неговиот престој во Кралството на Саудиска Арабија, министерот Лога ја посети и Централната лабораторија за дигитализација, односно Центарот за дигитализација на недвижности, при што инж. Ахмед Алсаламн од близу го запозна со начинот и фазите на дигитализацијата, од самиот почеток уште од селекција на документите, внесување и ревизија, трансферот во лабораториите за дигитализација, стерилизација и реставрација, скенирање и архивирање, контрола на квалитетот пред конечното снимање и доделувањето на единствен код на секој документ.

Во центарот за дигитализација  се обработуваат и стари тапии кои се долги над 3 метри и стари над 100 години, а воедно беше презентирано дека централниот архивски објект има капациет за дигитализација на 115.000 метри документи.Преку воведување на нови услуги, односно дигитализација на имотните листови, е-плаќање данок на имот, е-пренос на имот во рок од 60 минути и делење на станбените единици во рок од неколку секунди, а не во месеци, се олеснило целокупното работење на поголем број на институции и со тоа се придонело кон поефикасно и поквалитетно работење. 
На крајот од посетата министерот констатира дека споделените искуства од страна на колегите од Кралството на СА ке придонесат да се овозможи целосна  дигитализација на правосудство и во нашата земја.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Јегуновце: Успешно Завршена Акција ”GENERALKA WEEKEND”

0
Успешно се одржа акцијата ,,GENERALKA WEEKEND’‘ која што се организираше во соработка со ,,MAN AND MOUNTAIN”. Големо Браво за учениците од основните училиша ,,Александар Здравковски” – Јегуновце;...