spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Започнува новиот ГЕФ/УНЕП проект

МЖСПП: Започнува новиот ГЕФ/УНЕП проект

Министерката Шукова го отвори првиот состанок на управниот комитет на проектот „Промовирање на одржливото управување со земјиштето преку зајакнување на правната и институционалната рамка, зајакнување на капацитетите и ремедијација на најранливите планински предели“.

1 Започнува новиот ГЕФУНЕП проект

Проектот е финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), а го имплементира Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Програмата на ОН за животна средина (УНЕП).

2 Започнува новиот ГЕФУНЕП проект

Главната цел на проектот, како што спомена министерката Шукова, е да се редуцираат влијанијата од деградација на земјиштето и притисоците врз природните ресурси во најранливите планински предели во Северна Македонија. Во рамките на проектот се очекува поддршка во изработка на првиот национален закон и стратегија за заштита на почвите, како и градење на капацитетите на национално и локално ниво за одржливо управување со земјиштето и шумите, кое ќе придонесе за постигнување на целите за неутралност на деградација на земјиште.
Во периодот кој следи ќе започне и планираната акција за пошумување на пилот локации во аридни и семи-аридни подрачја во државата.

Проектот се имплементира во соработка со клучните чинители од земјишниот сектор, вклучувајќи национални и локални институции, академската заедница, ЈП Национални шуми, здруженијата на граѓани, деловниот сектор и други засегнати страни.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Охрид: Успешно реализирана еколошката акција „Генералка Викенд“

0
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти...