HomeМинистерстваМНР: Османи на отворање на Почесниот конзулат во Анталија

МНР: Османи на отворање на Почесниот конзулат во Анталија

spot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи по учеството на Анталија дипломатскиот форум, го отвори Почесниот конзулат на Република Северна Македонија со седиште во Анталија, Република Турција.

Почесниот конзул, Али Кизилда e реномиран член на анталиската деловна заедница со 35 години искуство во сферата на туризмот.

За време на неговото поздравно обраќање Османи потенцираше дека Северна Македонија и Турција, имаат голем потенцијал за унапредување на економската соработка и зајакнување на бизнис врските.

“Има можности кои треба максимално да се искористат и на државно ниво и од бизнис-заедниците. Меѓу нашите главни цели со отворањето на Почесниот конзулат во Анталија е постигнување на посакуваното ниво на економска и туристичка соработка како и промоција на бизнис можностите за инвестиција во Северна Македонија” истакна Османи.

Меѓу другото Османи подвлече дека отворањето на Почесниот конзулат ќе биде дополнителен поттик за подобрување на еконосмската соработка во различни области бидејќи регионот на Анталија е еден од најразвиените индустриски, туристички и земјоделски центри.

“Многу наши туристи доаѓаат во Анталија но уште повеќе туристи од Турција доаѓаат во Северна Македонија. Веќе неколку години Турците се најбројни туристи во нашата земја за што потребно е натамошно промовирање на двете дестинации” истакна Османи.

Во Конзулатот Османи оствари средба со наши истакнати државјани во Турција, добитници на МКарта на кои им ги врачи истите и им изрази благодарност за покажаниот интерес за проектот и за одржување на врските со нашата земја.

Извор: Министерство за надворешни работи

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија