spot_imgspot_img
spot_img
spot_img

ДЗС: Туризам, јануари 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2024 година изнесува 47 761,

од кои 40.4 % се домашни туристи, а 59.6 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во јануари 2024 година изнесува 102 079, од кои 48.4 % се од домашните туристи, a 51.6 % од

странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 10.1 %, a бројот на

ноќевањата е зголемен за 15.2 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 3.0 %, а бројот

на странските туристи е зголемен за 15.5 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за

11.5 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18.8 %.

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Карпош: Реконструкција на оштетените клупи на плоштадот Дафина

0
Општина Карпош повторно испрати екипи на теренот за да ја санираат оштетената урбана опрема на плоштадот Делфина во населбата Влае, која тенденциозно се уништува...