spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Коорганизатор на меѓународен настан за високо образование во Мароко во рамки...

НАЕОП: Коорганизатор на меѓународен настан за високо образование во Мароко во рамки на програмата Еразмус+

Градењето на мостови и интернационалната соработка се столбовите на програмата Еразмус+ во насока на унапредувањето на образованието, културата, младите и спортот.

По успешно организираниот минатогодишен меѓународен настан во областа на високото образование кој се реализираше во Скопје на кој покрај од медитеранските земји беа вклучени и земјите од Западен Балкан, националните агенции од Медитеранската мрежа од програмата Еразмус Плус продолжуваат со интензивно вложување во градење на капацитетите и интернационално вмрежување помеѓу високообразовните институции.

Во периодот од 04-07 март на универзитетскиот кампус Мухамед VI Политехника во Бенгуерир во Мароко беше реализирана конференција за високо образование на која присуствуваа ректори, проректори, универзитетски професори од Медитеранските земји и Африка.

Настанот имаше историски карактер за програмата Еразмус+ со оглед на тоа што е прв од ваков тим организиран надвор од границите на програмските земји во програмата, надвор од границите на Европа.

Настанот беше организиран од Националните агенциии од Северна Македонија, Грција, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Малта, Кипар, Хрватска, Словенија, Србија и Турција во соработка со Министерството за високо образование, научни истражувања и иновации и канцеларијата за Еразмус+ од кралството Мароко.

Целта беше да се промовираат можностите за меѓународна мобилност, соработка, но и да се споделат добрите практики помеѓу земјите учесници за унапредување на квалитетот на образовните процеси и знаењата на студентите и професорскиот кадар.

На настанот уште еднаш беше потенцирана важноста од континуитет и вложување во размената на студентите како вредна можност за лиќчен развој и академски успех.

Нашата држава беше претставувана од Директорот на Национална агенција, Марко Ѓоргиевски и координаторот за транснационални активности во областа на образование и обука, Мартин Ристов, како и претставници од универзитетите “Св. Кирил и Медотиј” и ”Мајка Тереза” од Скопје, универзитетот ”Св. Климент Охридски” од Битола, како и Државниот универзитет од Тетово.

Националната агенција во континуитет покажува дека е цврст партнер за соработка со универзитетите и студентите заедно градејќи и промовирајќи европско знаење и европски вредности.

Вложувањето во високото образование значи вложување во посигурна, поквалитетна и подобра иднина за сите.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Прочитајте