spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Меѓународно злато и сребро за фудбалерите од ФК Карев

Карпош: Меѓународно злато и сребро за фудбалерите од ФК Карев

Младите фудбалери од ФК Карев имаа одлично издание на меѓународниот турнир „Вихрен куп Сандански 2024“ кој се одржа минатиот месец во соседна Бугарија.

Имено, играчите од фудбалската генерација на „Карев“ од 2016 година го освоија првото место, додека пак нивните постари тимски колеги од генерацијата 2011-та, успеаја да го освојат второто место на ова меѓународно натпреварување. Инаку, на турнирот учествуваа повеќе екипи од Бугарија, Србија, Романија, Молдавија, Грција и останати земји учеснички.

Колекцијата на признанија за ФК „Карев“ ја збогатија и индивидуалните трофеи за најдобри голмани од генерациите 2011-та и 2016-та, кои на најдобар начин го промовираа македонскиот фудбал во меѓународни рамки.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Велес: Реконструкција на улицата „Луј Пастер“

0
Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел...