spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Менторирање на единици за локална самоуправа за интеграција на лица под...

Карпош: Менторирање на единици за локална самоуправа за интеграција на лица под меѓународна заштита

Црвен Крст на Град Скопје со подршка на Швајцарскиот Црвен Крст и Меѓунардоната Федерација на Црвен Крст и Црвена Полумесечина во текот на месец март спроведува менторирање на единиците од локалната самоуправа. Имено, во соработка со ЈУ Завод за социјална дејност – Скопје и Македонското Здружение на Млади Правници, експертски интердисциплинарен тим спроведува дводневни средби со претставници на општините и Град Скопје.

Дводневното менторирање во Општина Карпош, го следеа раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес Гордана Стојчевска Зафировска и колеги од одделението за образование, одделението за детска, социјална и здраствена заштита како и од секторот за локален економски развој.

На овие средби се споделуваат знаења и информации за статусот и правата на лицата под меѓународна заштита односно лица под супсидијарна заштита. Истите во иднина ќе резултираат со зајакнување на мрежата од соработници на локално ниво со директна поддршка на оваа ранлива категорија  на жители во РСМ. Колегите, Катерина Гиевска и Александра Валкановска  заедно со Зоран Дранговски и  Соња Кипровска на локално ниво го пренесуваат своето знаење од теоријата и практична имплементација на социјалната услуга – олеснување на интеграцијата.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Охрид: Успешно реализирана еколошката акција „Генералка Викенд“

0
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти...