spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: Одржан тренинг на тема - Дефинирање на индикатори за мониторинг на...

Кавадарци: Одржан тренинг на тема – Дефинирање на индикатори за мониторинг на квалитетот на воздухот

Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица, со финансиска поддршка од Шведска, денес во просториите на Општина Кавадарци се одржа тренинг на тема Дефинирање на индикатори за мониторинг на квалитетот на воздухот.

Тренингот ќе го спроведуваат Магдалена Трајковска Трпевска, директор на компанијата ТЕХНОЛАБ Скопје и Емил Ангелов, а ќе им овозможи на учесниците да се запознаат зошто е потребно во планските документи да се дефинираат правилни индикатори, како да се дефинира соодветен SMART индикатор за секоја мерки (специфичен, мерлив, остварлив, релевантен и временски ограничен) и начин на следење на степенот на имплементација на мерките од плановите преку избраните индикатори.

Извор: Општина Кавадарци

Прочитајте

Карпош: ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“ на КЦК

0
Во организација на Креативниот центар-Карпош, денеска, во дворот на ООУ,,Вера Циривири-Трена “, се одржа завршниот настан од проектот насловен ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“....