spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Акција за чистење на диви депони

Илинден: Акција за чистење на диви депони

Општина Илинден во текот на месеците март и април спроведува акција за чистење на дивите депонии на повеќе локации на нејзина територија.

Досега исчистена е дива депонија во населба Илинден на зелена површина кај улица „19“ до пречистителната станица, како и во населено место Миладиновци.

Во рамки на акцијата за чистење на дивите депонии која се спроведува во соработка со екипите од ЈКП „Илинден“ и инспекциската служба од Општина Илинден собран е мешан комунален отпад, градежен шут и слично.

Оваа акција продолжува и во наредниот период, во наредните два месеца, пришто мапирани се околу 20 локации за чистење. Дел од нив се на потегот на локалниот пат Илинден – Јурумлери, на улица „7“ во Илинден на потегот кој води кај пумпите на ЈКП „Водовод“ до ТИРЗ зоната, во Мралино на потег од каналот кон излез од Мралино кон Петровец, во Мралино место викано Јурија, во населено место Бујковци на две локации, во Миладиновци на излезот кон автопатот, во близина кај клучката кај ОКТА на излезот кај автопатот, на потегот на локалниот пат Мршевци – Дељадровци, како и други локации кои ги мапираа стручките служби од Општина Илинден.

Со чистењето на дивите депонии на цела територија на општина Илинден значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и подобрување на животната средина.

Општина Илинден апелира до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте