HomeОпштиниКарпош: Основните училишта„Димо Хаџи Димов„ и „Петар Поп Арсов“ добија нови фотоволтаични...

Карпош: Основните училишта„Димо Хаџи Димов„ и „Петар Поп Арсов“ добија нови фотоволтаични централи

spot_img
spot_img

По поставувањето на фотоволтаични  системи во ООУ „ Јан Амос Коменски“ и „Лазо Трповски “, Општина Карпош  продолжува со поставување на исти такви и во основните училишта „Димо Хаџи Димов„ и „Петар Поп Арсов“, како дел од планот за поставување на вакви фотоволтаични централи во сите основни училишта на територијата на локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, при поставувањето на овие системи во првите две училишта  истакна  дека со подобрувањето на енергетската ефикасност преку   примерите од првите две училишта, резултатите се видливи  во намалување на сметките за електрична енергија и заштеда до 40%, средства кои се заштедуваат. Оттука намерата е оваа  и идната година, со буџетски средства од Општина Карпош, но и финансиски средства од Скопскиот плански регион, да бидат поставени вакви фотоволтаични системи на сите основни училишта во Карпош.

Фирмата која ги изведува фотоволтаичните системи во ООУ „Димо Хаџи Димов“ и „Петар Поп Арсов“ е Друштвото за производство, трговија, промет и услуги КМГ ЕОЛ Квазар ДООЕЛ Скопје, а вкупната предвидена вредност за изведба на работите изнесува 1.685.140 денари без пресметан 18% ДДВ, односно 1.988.465 денари со пресметан 18% ДДВ , согласно техничките спецификации на изведувачот. Парите, целосно се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија