spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Инвестиции во спортот за нови спортски успеси

АМС: Инвестиции во спортот за нови спортски успеси

Агенцијата за млади и спорт организираше панел дискусија посветена на македонскиот спорт, со наслов „Инвестиции во спортот за нови спортски успеси“.

Да се биде спортист да се посвети целиот живот на спортот не е воопшто лесно тоа бара голема жртва , затоа и се што може да се направи е да се возврати со решавање на проблемите кои ги засегаат спортистите како и подобрување на условите за спортот, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски на почетокот на трибината.

На панелот се образложи се она што  Агенција за млади и спорт го направи изминатите години, со цел подобрување  на условите во спортот.

Во поглед на  Финансиска поддршка на националниот спортски систем за 2021/2022/2023 и 2024 година  од игри на среќа , субвенции во спортот, корисници  на државната награда , спортски стипендии „Спортска надеж“ , спортски субјекти корисници на спортски ваучер , Категоризирани спортисти во меѓународна и светска категорија, корисници на национално спортско признание – „спортска пензија , исплатени се 3,773 милијарди денари или 61,36 милиони евра.

Во рамки на Агенцијата за млади и спорт, долги години наназад функционира Национална анти-допинг комисија.

-Сакам да истакнам дека сите досегашни активности се спроведуваат согласно меѓународните стандарди, согласно меѓународните конвенции, а тоа е во надлежност на оваа комисија, а комисијата преку нивните права, обврски и надлежности треба да прерасне во Национална Анти Допинг Организација или НАДО МКД, додаде Мојсовски.

Законот за спортот беше предложен од Министерството за правда и поднесен во Собранието по скратена постапка со кои беа предложени и усвоени  законските  решенија со кои се обезбедуваат финансиски поттикнувања на националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти и сите останати правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт.

Како единстевна институција надлежна за спорт во државата за спортот и спортистите се направи многу.

Изминативе години беа реконструирани спортски игралишта, спортски сали , изградба на нови пливачки базени, а беше реализирана реконструкција и изградба на повеќенаменски игралишта во државата.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте