spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: Интервентен центар за привремено згрижување на лица со социјален ризик

Кавадарци: Интервентен центар за привремено згрижување на лица со социјален ризик

Заврши реконструкцијата и пренамената на постојан објект на ул.7 Септември во Кавадарци. Намената на овој објект е од социјален карактер и истиот вклучува шест апартмани.

Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува 6.322,282,77 денари со вклучен ДДВ од кои 3.376.361,00 денари се обезбедени од Биро за регионален развој и учество на Општина Кавадарци со износ од 2.945.921,77 денари.

Изведувач е фирмата Градба Промет од Кавадарци.

Упатуваме голема благодарност до сите помагатели на овој проект, кои придонесоа кон уредување на апартманите со неопходната опрема за функционирање. Голема благодарност до ОБСЕ, ВВ Тиквеш, Прима Мебел, Слога Пром , ИП Дизајн, Свит арт, Велком Трејд , Жито Југ , Нептун, Пеца Комерц, Ди/Бор Бошеви, Машинокоп, Фер мебел, Ристе Вуков и Комфи Ангел.

Извор: Општина Кавадарци

Прочитајте