spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Благодарница за најредовните Крводарители

Карпош: Благодарница за најредовните Крводарители

Претставници од Црвениот Крст на РСМ при општинската организација Карпош, денеска во просториите на локалната самоуправа ги поделија благодарниците на крводалителите, коишто досега дарувале крв од 50 до 75 пати, со што ја покажале на дело својата хуманост, солидарност и љубов кон човекот.. Благодарница доби и најмладата крводарителка која по петти пат ја дарува најдрагоцената течност, а директорот Андреј Манолев во име на средното училиште „Никола Карев“ од Скопје, го прими Признанието за организација и постигнати резултати во крводарителството, кои ги освари оваа образовна установа.

Годинава, Црвениот Крст на РСМ ги доделува овие признанија по повод одбележување на Денот на крводарителството – 17. Март, кога оваа организација одбележа 79 години од своето основање и 29 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Инаку, Општина Карпош е една од водечките локални самоуправи која организира и спроведува крводарителски акции за потребите на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, при што ги вклучува граѓаните на Карпош, вработените во општинската администрација и урбаните заедници, како и вработените во основните училишта и градинките на своја територија.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МОН: Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на...

0
Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки...