spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedСтрумица: Костадинов -Го гледаме Балканот како една огромна можност за вистинско обединување...

Струмица: Костадинов -Го гледаме Балканот како една огромна можност за вистинско обединување на народите

Почитувајќи ја досегашната соработка, а водени од желбата за зајакнување на пријателските односи меѓу граѓаните на Струмица и Лесковац, градоначалниците Костадин Костадинов и Горан Цветановиќ, денеска потпишаа Меморандум за збратимување. Карневалските традиции и спортот ги споија двата града, а сега соработката се проширува во повеќе области како и размената на искуства и позитивни практики во функционирањето на локалните самоуправи.

Зборувајќи за досегашната соработка и вредностите коишто ги имаат Струмица и Лесковац, пред се како градови економски лидери во своите земји, градоначалникот Костадинов истакна дека сите потенцијали и можности на најдобар начин ќе  бидат искористени за благодет на граѓаните од двата града.

-И јас и мојот колега од Лесковац, го гледаме Балканот и ситуацијата на Балканот, како една огромна можност за вистинско обединување на народите, наместо да сееме омраза, да сееме љубов, да сееме смеа, да гледаме среќни граѓани коишто имаат придобивки од нашето ново пријателство, рече градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот на Лесковац Горан Цветановиќ, потенцираше дека по неколку годишната врска  меѓу Струмица и Лесковац во спортот и карневалот, се појавиле нови конекции и заеднички интереси за соработка и во други области.

-Мислам дека како луѓе созреавме и тие наши лични амбиции и лично почитување да ги преточиме во заедничко почитување на граѓаните на Струмица и Лесковац, имаме што да научиме едни од други, имаме со што да си помогнеме и посебно кога конекциите ни се кон ЕУ можеме да имаме заеднички проекти со кои ќе можеме животот на граѓаните да го дигнеме на повисоко ниво, рече градоначалникот Цветановиќ.

Градоначалникот Цветановиќ и неговиот тим ќе бидат меѓу гостите на главната интернационална карневалска поворка којашто ќе се одржи на 16 март во Струмица.

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Делчево: Известување за достава на Решенија за данок на имот за...

0
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека службите од Општина Делчево започнаа со редовната теренска достава на Решенија за данок на имот за 2024 година, и Решенијата...