spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Учениците од Центар го прославија Светскиот ден на театарот...

Центар: Герасимовски – Учениците од Центар го прославија Светскиот ден на театарот со проектот „Театарот – уметност на емоции“

Денес, кога се празнува Светскиот ден на театарот, им оддадовме признание на учениците и менторите што во рамките на проектот „Театарот – уметност на емоции“ покажаа дека Општина Центар навистина поседува творечки таленти. Во текот на изминатата недела во свечените сали на осумте основни училишта беа изведени театарски претстави. Проектот беше организиран со цел да ги поттикне креативните способности на учениците, но и да ги потсети возрасните да им овозможат на децата и младите да ја искусат театарската уметност колку што е можно повеќе.


Вредните ученици ги покажаа своите афинитети кон актерството, доловувајќи ги на сцена ликовите на најпознатите дела на великаните кои се паметат, а на театарските штици кои живот значат беа изведени и претстави од современи македонски автори кои обработуваат актуелни општествени предизвици.


Денес во градинката Корчагин им беа одадени признанија на учениците и менторите кои зедоа учество во театарските изведби. Учениците од ООУ „11 Октомври“ од театарската група „Скрб и утеха“ ја изведоа победничката претстава „Споменка“, а градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски им додели пофалници за сите училишта и потенцираше дека ќе бидат обезбедени 60 000 денари за првонаграденото училиште, според проектот на програмата за образование на Општина Центар по повод Светскиот ден на театарот. Овие проекти ги поттикнуваат уметничките, креативни потенцијали и способности за актерство кај учениците со што во континуитет се посветува особено внимание на развојот на културата во сите сегменти на уметничкото и културното живеење.


Второ место го освои ООУ „Киро Глигоров“ за изведбата на театарската претстава „Малиот принц“, додека трето место го освои ООУ „Коле Неделковски“ за изведбата на театарската претстава „Бегалка“. Пофалница за најдобра женска улога доби Филипа Грујоска во IX одделение од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ за улогата Александра, а за најдобра машка улога беше избран Михаил Динов во VI одделение од ООУ „Киро Глигоров“ за улогата Авијатичарот од литературтното дело „Малиот принц“.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Делчево: Известување за достава на Решенија за данок на имот за...

0
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека службите од Општина Делчево започнаа со редовната теренска достава на Решенија за данок на имот за 2024 година, и Решенијата...