HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

spot_img
spot_img

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар. Ова е еден од објектите чија реконструкција се реализира во рамки на проектот за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.

Дел од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, огради, пешачки и велосипедски патеки, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот. 

Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување. Реконструкцијата на пешачкиот мост се реализира на децениско барање на граѓаните кои секојдневно го користат, а градежните работи ги изведуваат екипите на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“.

Извор: Град Скопје

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија