spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република...

МОН: Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за 2024/2025

Врз основа на член 27 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2005, 117/2008, 17/2011, 135/2011, 15/2013, 41/2014, 146/2015, 30/2016, 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 20/2019, 248/2020 и 302/2020), Правилникот за начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови („Службен весник на Република Македонија“ број 55/10, 49/11, 50/15, 59/16, и 41/17) и Правилникот за начинот на остварување на правото за сместување во ученички дом за учениците во спортска академија бр.20-6066/1 од 22.03.2016 година, Министерството за образование и наука распишува

К О Н К У Р С

за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година

Во учебната 2024/2025 година во јавните ученички домови ќе се примаат за сместување и исхрана ученици од средното образование и тоа:

УЧЕНИЧКИ ДОМОПШТИНАВкупен број на легла
“Мирка Гинова”Битола310
“Лазар Лазаревски”Велес221
“Бранко Станоевиќ”Гостивар250
“Крсте П. Мисирков”Кавадарци100
“Проф. Мијалковиќ”Куманово120
“Митко Пенџуклиски”Кратово33
“Боро Менков”Крива Паланка60
“Св.Наум Охридски”Македонски Брод50
“Ванчо Питошески”Охрид120
“Кочо Рацин”Свети Николе106
“Димитар Влахов”Струмица96
“Браќа Миладиновци”Струга140
“Здравко Цветковски”Скопје405
“Д-р Панче Караѓозов”Скопје103
“Св. Наум Охридски”Скопје36
“Димитар Влахов” ЗРОСкопје60
“Партение Зографски”Скопје220
“Искра”Штип70

Првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на Република Северна Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ

Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици кои ги исполнуваат следните услови:

1. Да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2024/2025 година;

2. Да се државјани на Република Северна Македонија;

3. Да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината/регионот односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење;

4. Училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз;

5. Училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

I. 1. Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици запишани во Спортската академија во Скопје, кои ги исполнуваат следните услови:

1. Да се запишани како редовни ученици во Спортската академија во Скопје во учебната 2024/2025 година;

2. Да се државјани на Република Северна Македонија;

3. Да се со место на живеење различно од местото во кое е Спортската академија и ако во општината/регионот во кое ученикот живее не се реализира наставен план за спорт за кои ученикот е запишан.

I. 2. Учениците кои се со место на живеење различно од местото во кое е спортската академија и ако во местото во кое ученикот живее не се реализира наставен план за спорт за кој ученикот е запишан, може да конкурираат доколку:

– има потреба од тренинзи на ученикот по избраниот спорт, за што доставува потврда од спортската академија во која е запишан;

– ученикот е член на национална спортска репрезентација по избраниот спорт, за што доставува потврда од националната спортска репрезентација во која е член, и/или

– родителот, односно старателот во текот на школувањето на ученикот, го сменил местото на живеење, односно местото на престојување, за што доставува соодветен доказ од надлежен орган на управата.

II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.

Рокот за пријавување на учениците кои се запишани во I, II, III и IV година почнува од 25.06.2024 година и трае до 10.07.2024 година.

Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите “Искра” Штип, “Партенија Зографски” Скопје, „Димитар Влахов“ Скопје и “Свети Наум Охридски” Скопје, не пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување од 01.07.2024 година до 10.07.2024 година.

По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерство за образование и наука.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15.08.2024 година се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.

Министерството го задржува правото да ги промени наведените рокови во случај на одложување на вонредната состојба или поместување на други клучни рокови од кои зависи пријавувањето на Конкурсот. Сите промени ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Барање за сместување во ученички дом;

2. Потврда од училиштето за средно образование дека е редовен ученик;

3. Копии од свидетелства за завршено образование од претходните учебни години (учениците кои се запишуваат за прв пат во задолжителното средно образование доставуваат копии од свидетелствата од VI, VII, VIII и IX одделение);

4. Изјава од родител-старател на ученикот за бројот на членови во семејството;

5. Потврди за сите остварени приходи на членовите во семејството (потврда за последно исплатена месечна нето плата, последен чек од пензија или решение за остварување на правото за користење на социјална помош), умреница за починат родител, доколку се невработени родителите да достават потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина; Потврда за брат/сестра (доколку е ученик/студент се доставува потврда од училиште/ факултет, доколку се вработени се доставува потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина, за предучилишна возраст се доставува копија од извод на родените);

6. Медицинска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на ученикот;

7. Изјава од родител-старател на ученикот дека во целост ќе ги подмири трошоците за евентуално направените штети од страна на ученикот и

8. Копија од уверение за државјанство на Република Северна Македонија.

III.1

За редовните ученици запишани во спортска академија:

1. Барање за сместување во ученички дом;

2. Потврда од Спортската академија дека е редовен ученик (за ученици од втора, трета и четврта година средно образование, а учениците кои се запишуваат за прв пат во спортска академија оваа потврда ќе ја достават по уписот во спортската академија);

3. Изјава од родител-старател на ученикот дека во целост ќе ги подмири трошоците за евентуално направените штети од страна на ученикот и

4. Доказ за државјанство на Република Северна Македонија.

Учениците запишани во Спортската академија во Скопје кои конкурираат согласно точка I.2 од овој Конкурс дополнително доставуваат:

1. Потврда од спортската академија дека ученикот има потреба од тренинзи на ученикот по избраниот спорт;

2. Потврда од националната спортска репрезентација дека ученикот е член, и/или

3. Доказ од соодветен орган дека родителот, односно старателот во текот на школувањето на ученикот, го сменил местото на живеење, односно местото на престојување.

Потребните документи-обрасци за учество на Конкурсот, кандидатите може да ги добијат во јавните ученички домови и на официјалната интернет страна www.mon.gov.mk, каде е објавен Конкурсот. 

Министерството за образование и наука по службена должност обезбедува податок за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

IV. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМНачинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за ученичкиот стандард и Правилникот за начинот и постапката за прием на учениците во јавните ученички домови. Комисијата од член 10 став 2 на горенаведените правилници е должна да:- ја провери поднесената документација;- го утврди списокот на примени ученици во домовите;- разгледа приговори;- го утврди конечниот список на примени ученици во домовите;- утврди дали наставните планови и програми на кои се запишал ученикот-кандидат се изучуваат во општината, односно регионот од каде што доаѓа ученикот-кандидат (со исклучок на учениците со посебни образовни потреби);- за учениците запишани во спортска академија да изврши проверка дали во општината, односно регионот во кој живее ученикот не се реализира наставен план за спорт за кој ученикот е запишан;- изготви ранг-листа на пријавените кандидати со точно пресметани бодови (со исклучок на учениците со посебни образовни потреби и учениците од Спортската академија), при што максималниот број на бодови да изнесува 100, од кои кандидатот може да оствари најмногу 40 бодови за остварениот општ успех наведен во свидетелствата од претходните учебни години (за ученици од I година се зема остварениот успех од VI, VII, VIII и IX одделение), до 25 бодови за оддалеченоста од местото на живеење до местото на школување, до 10 бодови за примерно поведение на кандидатот од претходните учебни години, до 25 бодови за вкупно остварените приходи од потесното семејство на кандидатот (последна исплатена месечна плата, пензија или социјална помош на родителите-старатели на кандидатот и слично, во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Северна Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика);-при изготвување на ранг листа не се бодираат учениците со посебни потреби кои конкурираат за сместување во ученичките домови за децата со посебни потреби, како и учениците од спортската академија бидејќи истите имаат првенство при сместување.- изготви и достави до Министерот конечен список на примени ученици. Листата на примени ученици ќе биде објавена на веб страницата на Министерството за образование и наука, како и на огласната табла на домот најдоцна до 19.07.2024 година.
Учениците, кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом, сами ќе ги подмируваат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење. Доколку предвидените места од II година, III година или IV година не се пополнат со ученици од соодветната година, истите може да се пополнат со ученици од I година доколку ги исполнуваат условите од овој конкурс, и обратно доколку предвидените места од I година не се пополнат со ученици, истите може да се пополнат со ученици од II година, III година или IV година доколку ги исполнуваат условите од овој конкурс. Доколку слободните капацитети во јавните ученички домови не се пополнат и заради економска оправданост, конкурсот останува отворен за пополнување на слободните места со студенти во согласност со Правилник за начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови („Службен весник на Република Македонија“ број 89/13 и 98/13).Вселувањето на примените ученици започнува од 31 август 2024 година. Потребни документи:
Барање
Изјава за бројот на членови во семејството
Изјава за подмирување на трошоците
Изјава за согласност  

                                                                                                                Министер за образование и наука

                                 Doc. Dr. Jeton Shaqiri

 Барање/Kërkesë

 Изјава за бројот на членови во семејството/Deklaratë për numrit të anëtarëve të familjes

 Изјава за подмирување на трошоци/Deklarata për shlyerjen e shpenzimet

 Изјава за давање согласност/Deklaratë për dhënjen e pëlqimit

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Карпош: Наставниците ќе ја зајакнуваат Сујбер Безбедност

0
Во рамки на основните училишта „Братство“, „Војдан Чернодрински“ и „Аврам Писевски“ од 15-ти до 17-ти април се одржа обука, на која активно учествуваа 47...