spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЧешиново Облешево: Јавен оглас за формирање на партиципативно тело

Чешиново Облешево: Јавен оглас за формирање на партиципативно тело

Врз основа на член 46 став (1) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ Бр.32/2020 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 111/2023) Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево,  на ден 13.03.2024 година објавува

                          ЈАВЕН  ОГЛАС

за формирање на партиципативно тело

за подрачјето на Општина Чешиново-Облешево

Партиципативното  тело  ќе учествува во процесот  на урбанистичкото планирање на подрачјето на Oпштина Чешиново-Облешево .

  1. Предмет на овој јавен повик е: Формирање на партиципативно тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање за подрачјето на Општина Чешиново-Облешево.

Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија. Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на единицата на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината. 

  • Услови за учество: Пријава по овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општина Чешиново-Облешево, што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.
  • Документи кои се поднесуваат:
  • Пријава за член на партиципативно тело за подрачјето на општина Чешиново-Облешево (образецот е во прилог на повикот),
  • Кратка автобиографија,
  • Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот),
  • Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот).
  • Релевантен писмен доказ за исполнување на условите за учество од точка 2 на огласот (копија)
  • Рок и место на поднесување на пријави: Пријавите по јавниот оглас со комплетната документација можат да се поднесат преку пошта на адреса: Општина Чешиново-Облешево, ул.Маршал Тито бр.17 Облешево или во едношалтерска канцеларија на општина Чешиново-Облешево во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

На пријавата да се наведе: „Пријава по јавен оглас за формирање на партиципативно тело за подрачјето на општина Чешиново -Облешево“

  • Обврски на членовите на партиципативното тело: Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.

Учеството на лицата , односно  на членовите  на партиципативното тело, е на доброволна основа, и за истото не е предвиден наоместок.

  • Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на партиципативното тело се уредуваат во Деловникот на партиципативното тело што го донесува Советот на единицата на локалната самоуправа, при што бројот на граѓански членови на партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.
  • Дополнителни информации : Лицата чии што пријави  ќе бидат  прифатениќе бидат ивестени во писмена форма.
  •  Контакт лице: Ива Стефанова тел. 071/730-208  

Бр. 03-494/1 Дата:

13.03.2024 година                

Градоначалник,

Далибор Ангелов

ПРЕЗЕМИ ЈАВЕН ОГЛАС

ПРИЈАВА ЗА ЧЛЕН НА ПАРЦИПАТИВНО ТЕЛО

Извор: Општина Чешиново Облешево

Прочитајте

Карпош: ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“ на КЦК

0
Во организација на Креативниот центар-Карпош, денеска, во дворот на ООУ,,Вера Циривири-Трена “, се одржа завршниот настан од проектот насловен ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“....