spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedСредба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одржаа средба со набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од амбасадорката Џилиан Стирк.

Претседателката Димитровска и членовите на ДКСК изразија благодарност за посетата на амбасадорката Стирк, пришто беше истакнато дека е од особена важност поддршката на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во насока на поефикасно спроведување на законските надлежности на ДКСК за време на изборниот период.

Амасадорката Стирк истакна дека мисијата ќе ги оценува претстојните избори за нивната усогласеност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди, како и со националното законодавство, вклучувајќи ги сите аспекти поврзани со изборниот процес. Во таа насока, неопходна е соработката со надлежните институции вклучени во следењето на изборниот процес меѓу кои е и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Амбасадорката беше информирана за законските надлежности на ДКСК поврзани за следење на изборниот процес како и за тековните активности поврзани со претстојните претседателски и парламентарни избори. ДКСК презема проaктивен пристап и во таа насока има објавено соопштение за законските одредби со кои се регулираат ограничувањата за време на изборниот период а воедно е доставен информативен циркулар до вкупно 1250 јавни институции на централно и локално ниво, граѓански организации и медиуми, нагласи претседателката Димитровска.

На средбата стана збор за соработката на ДКСК со другите надлежни институции во однос на превенција и репресија со корупцијата како и за неопходноста за унапредување на истата, при што беше потенцирано значењето на спроведување на иницијативите и препораките на ДКСК.

Беше договорено да продолжи меѓусебната комуникација и соработка со мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во насока на ефикасно следење и спроведување на изборниот процес.  

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...