spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedДКСК: Втор состанок на Управниот одбор на проектот „Поддршка на ЕУ за...

ДКСК: Втор состанок на Управниот одбор на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото”

ЕУ Проектот ИПА 2020 „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“  кој треба да претставува значајна пресвртница во тековните напори за унапредување на судството, човековите права и борбата против организираниот криминал и корупцијата во Северна Македонија на 21 март 2024 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го одржа вториот состанок на управниот одбор. Состанокот, послужи како платформа на којашто проектниот тим од сите четири компоненти од проектот ги претстави најзначајните постигнувања за периодот од септември 2023 до февруари 2024 година, и ги најави и претстојните активности.

Прва на состанокот се обрати Марциа Палота, програмскиот офицер од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, која ја истакна важноста на проектот ИПА 2020 “Поддршка на ЕУ за владеење на правото”, како можност за постигнување напредок во правосудството, човековите права, безбедноста и борбата против корупцијата. Таа истакна дека напредокот што е постигнат во изминатите шест месеци претставува стратешка инвестиција во иднината на земјата, нагласувајќи ја важноста на меѓу-секторската соработка.

За време на состанокот, лидерите на компонентите, односно Гжегож Борковски, Роберт Шлајт, Лена Андерсон и Барбара Лигл ги презентираа најзначајните постигнувања во нивните компоненти. При тоа, Лена Андерсон, лидер на  Компонента 3: Анти-корупција ја нагласи успешната соработка со ДКСК и иницијативите на проектот насочени кон зајакнување на институционалните процеси и комуникација.

Презентациите иницираа конструктивни дискусии со претставниците од институциите корисници, коишто  изразија благодарност за поддршката и придонесот на проектот во полето на владеење на правото.

Весна Дамева, Претседател на Судскиот совет, го поздрави значајниот напредок што е постигнат во изминатите месеци како резултат на посветеноста на експертите од Компонента 1 и со нетрпение ги очекува резултатите што треба да произлезат од проектот во следниот период. Сашо Јовановски,  Раководител на Одделението за корупција при Министерството за внатрешни работи им честиташе на Роберт Шлајт, Лидер на Компонента 2, како и на раководството на целиот проект за лидерството што го покажаа во истрагите за спречување на криминал, предвидувајќи континуиран успех и во претстојниот тригодишен период. Бесник Џемаили, член на Државната комисија за спречување на корупцијата изрази благодарност за досегашната соработка и поддршката која институцијата ја добива од проектот, при што ја нагласи важноста од зајакнување на соработка меѓу институциите со цел унапредување на системот на спречување на корупцијата. Гордана Тренковска, Заменик раководител на сектор при Министерството за труд и социјална политика го истакна Националниот акциски план за правата на детето како основа за имплементација на Европската детска гаранција, чија цел е унапредување на детските права, а исто така нагласи дека е многу важно зајакнувањето на рамките против дискриминација, коишто би овозможиле анализа на случаите на дискриминација во конкретни области. Дијана Ѓеровска, Раководител на одделението за надзор над спроведувањето пробациски мерки во Управата за извршување санкции ги истакна опипливите резултати што беа постигнати преку тркалезните маси за алтернативни санкции, нагласувајќи го значителното зголемување на бројот на активни пробациски случаи и позитивните промени во спроведувањето, што е само потврда за позитивното влијание и делотворната соработка.

Состанокот на којшто присуствуваа 42 претставници од Делегацијата на ЕУ, партнери во конзорциумот, институции корисници на проектот и експерти ја поздравија соработката и вложените напори во насока на поддршка за поправедно и потранспарентно општество во Северна Македонија.

Со поглед кон иднината, проектот ќе продолжи да ги поддржува институциите преку изготвување стратегии, спроведување кампањи за подигање на свеста, работилници, обуки и иницијативи за градење капацитети и во следните шест месеци.

Дитер Шиндлауер, Тим лидер на проектот, во својство на модератор на состанокот на Управниот одбор, се погрижи за продуктивните дискусии и исходи.

Избор: Државна комисија за спречување и корупција

Прочитајте

АМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики...

0
Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на...