spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Регионален повик за мобилност на млади истражувачи од Западен Балкан

МОН: Регионален повик за мобилност на млади истражувачи од Западен Балкан

Отворен е регионален повик за мобилност на млади истражувачи од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија (28.03.2024 г). Пријавете се за  Програмата за мобилност на Западен Балкан  и добијте финансиска поддршка за престој до два месеци во избраната универзитетска/истражувачка институција во друга економија од Западен Балкан (краен рок за пријави 31 мај 2024 год).

Повикот за мобилност овозможува унапредување на академската кариера на млади истражувачи преку пристап до истражувачки инфраструктури во регионот:

Носител на оваа пилот програма е проектот Policy Answers, проект од програмата Хоризонт Европа и има за цел да ја поттикне регионалната соработка и да ги поддржи истражувачите што се на почеток на нивната истражувачка кариера.

Програмата ќе ангажира истражувачи со вкупен буџет од 100.000 евра и ќе доделува грантови до 5.000 евра по индивидуален истражувач. Овие грантови ќе поддржат проекти кои траат од две недели до шест месеци, овозможувајќи им на истражувачите да се вклучат во клучните истражувачки и иновативни активности поттикнати од мобилноста во Западен Балкан.

Шемата за мобилност на Западен Балкан е отворена за докторанди и пост-докторски истражувачи кои ги завршиле докторските студии во последните седум години. Тие ќе бидат сместени во јавна или приватна истражувачка институција која нуди истражувачки инфраструктури (вклучувајќи виртуелни истражувачки инфраструктури) регистрирани во една од економиите. Сите тематски истражувачки области се подобни за аплицирање , вклучително општествените и хуманистичките науки (SSH) и истражувањата базирани на уметност.

Повеќе за повикот на следниот  ЛИНК.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте