spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаИнтегрална изјава на Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан...

Интегрална изјава на Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денес одржаа средба со граѓанските организации на тема: „Соработка и дијалог со граѓанското општество – состојби и перспективи“. По средбата следуваше изјавата за медиумите, проследете ја интегралната изјава за медиумите на вицепремиерот Маричиќ.„Граѓанското општество е без дилема значаен дел од нашето општество. Борбата за човекови права, владеење на правото, заштита на правата на малцинските групи, слободата на говорот и делувањето, транспарентноста и отчетноста на институциите, партиципацијата и инклузијата во процесите на креирање на политики, како и европските перспективи и членството во ЕУ се наши приоритети и темелни вредности.Оваа влада, внимателно ги разгледуваше анализите, мислењата и ставовите на граѓанскиот сектор, особено оние што нè критикуваат. Ова е дел од дијалогот кој го водиме и кој мора да продолжи во иднина. Посветеноста и анализите на граѓанските организации се интегрирани во реформските политики на владите на СДСМ во изминатите седум години. Уделот на граѓанското општество беше од клучно значење во приготвувањето и прифаќањето на стратегиите и законите во области како антикорупција, антидискриминација, социјална и здравствена заштита, транспарентност, отчетност и отвореност на институциите, реформата на правосудниот систем и јавната администрација, како и политиките на промоција на мултикултурализмот и интеграцијата во ЕУ.На денешната средба ги зацртавме следните планови и ветувања за кои се заложуваме од кои најважни се: 1. Континуираното работење на независен, репрезентативен, оперативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество; понатаму2. Унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации  (Зголемување на уделот на државно финансирање од централниот буџет и од буџетите на единиците на локална самоуправа и предвидени финансиски средства за воспоставување и функционирање на Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на проекти на Европската Унија, како и 3.  Вклучувањето на граѓанските организации во процесот на преговори со Европската Унија преку усвојување на модел за учество на граѓанското општество во процесот на пристапни преговори со Европската Унија и унапредување на моделот за избор на претставници од граѓанското општество во секторските работни групи за ИПА. Нашата Влада отворена е за дијалог и соработка за да ги оствариме заедничките цели и да градиме посветено општество. Европскиот пат е нашата приоритетна агенда, како и на граѓанскиот сектор, таа цел е во интерес на сите граѓани, а најмногу за обезбедување на квалитетна и просперитетна иднина на нашите млади, за сите идни поколенија на оваа држава. Благодарен сум што денес одржавме средба каде што несомнено се заложивме дека соработката мора засилено да продолжи со цел постигнување на целта за приклучање во Европската Унија, усогласување на системот по европски норми и спроведувањето на реформите. 

Не се откажуваме од иднината на оваа држава, нашата иднина е во Европа и убеден сум дека заеднички тоа скоро ќе го постигнеме. Благодарам. Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денес одржа средба со граѓанските организации на тема: „Соработка и дијалог со граѓанското општество – состојби и перспективи“. По средбата следуваше изјавата за медиумите, проследете ја интегралната изјава за медиумите на вицепремиерот Маричиќ:

„Граѓанското општество е без дилема значаен дел од нашето општество. Борбата за човекови права, владеење на правото, заштита на правата на малцинските групи, слободата на говорот и делувањето, транспарентноста и отчетноста на институциите, партиципацијата и инклузијата во процесите на креирање на политики, како и европските перспективи и членството во ЕУ се наши приоритети и темелни вредности.

Оваа влада, внимателно ги разгледуваше анализите, мислењата и ставовите на граѓанскиот сектор, особено оние што нè критикуваат. Ова е дел од дијалогот кој го водиме и кој мора да продолжи во иднина. Посветеноста и анализите на граѓанските организации се интегрирани во реформските политики на владите на СДСМ во изминатите седум години. 

Уделот на граѓанското општество беше од клучно значење во приготвувањето и прифаќањето на стратегиите и законите во области како антикорупција, антидискриминација, социјална и здравствена заштита, транспарентност, отчетност и отвореност на институциите, реформата на правосудниот систем и јавната администрација, како и политиките на промоција на мултикултурализмот и интеграцијата во ЕУ.

На денешната средба ги зацртавме следните планови и ветувања за кои се заложуваме од кои најважни се: 

1. Континуираното работење на независен, репрезентативен, оперативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество; понатаму

2. Унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации  (Зголемување на уделот на државно финансирање од централниот буџет и од буџетите на единиците на локална самоуправа и предвидени финансиски средства за воспоставување и функционирање на Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на проекти на Европската Унија, како и 

3.  Вклучувањето на граѓанските организации во процесот на преговори со Европската Унија преку усвојување на модел за учество на граѓанското општество во процесот на пристапни преговори со Европската Унија и унапредување на моделот за избор на претставници од граѓанското општество во секторските работни групи за ИПА. 

Нашата Влада отворена е за дијалог и соработка за да ги оствариме заедничките цели и да градиме посветено општество. Европскиот пат е нашата приоритетна агенда, како и на граѓанскиот сектор, таа цел е во интерес на сите граѓани, а најмногу за обезбедување на квалитетна и просперитетна иднина на нашите млади, за сите идни поколенија на оваа држава. 

Благодарен сум што денес одржавме средба каде што несомнено се заложивме дека соработката мора засилено да продолжи со цел постигнување на целта за приклучање во Европската Унија, усогласување на системот по европски норми и спроведувањето на реформите. 

Не се откажуваме од иднината на оваа држава, нашата иднина е во Европа и убеден сум дека заеднички тоа скоро ќе го постигнеме. Благодарам.

Извор: Секретаријат за Европски прашања

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...