HomeВладаМаричиќ: Забрзаниот пристап на државата во ЕУ е од клучно значење за...

Маричиќ: Забрзаниот пристап на државата во ЕУ е од клучно значење за регионот и за сите граѓани на Северна Македонија

spot_img
spot_img

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес одржа средба со претставничката од Европскиот Парламент од Кралството Холандија, Тинеке Стрик. 

На средбата Вицепремиерот Маричиќ ја истакна заложбата на Владата за реализација на европската агенда на државата. Посебно внимание беше посветено од страна на говорниците за успешната реализација на скрининг процесот, кој беше реализиран во 15 месеци, интензивна и темелна работа на институциите. 

На средбата дискутираа за различни сегменти од областа на владеење на правото, за претстојните избори и за предизвиците на државата и регионот. 

Двајцата соговорници се сложија дека забрзаниот пристап на Западен Балкан во ЕУ е од клучно значење за Северна Македонија и регионот. Европратеничката Тинеке Стрик ја потврди поддршката за продолжување на евроинтеграцијата на државата во полза на сите граѓани со значителни придобивки за социо-економскиот развој на општеството.

Извор: Секретаријат за Европски прашања

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија