spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јавен повик за полагање на приемен испит на учениците за запишување...

МОН: Јавен повик за полагање на приемен испит на учениците за запишување во математичко – информатичката гимназија во учебната 2024/2025 година

Врз основа на член  10 став 1 од Закон за математичко – информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/18) и Правилникот за начинот на проверка на знаењата на учениците на приемниот испит за запишување во Mатематичко – Информатичката Гимназија, бодирањето на резултатите од приемниот испит, како и минимумот бодови за положен приемен испит („ Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/19), Министерството за образование и наука објавува јавен повик за полагање на приемен испит на учениците кај кои има интерес за запишување во математичко – информатичката гимназија во учебната 2024/2025 година.

Во математичко-информатичката гимназија се запишуваат редовни ученици кои завршиле основно образование, се стекнале со општ успех од најмалку 4,5 од шесто до деветто одделение во основното образование и со оцена 5 по наставните предмети математика од шесто до деветто одделение и физика од осмо и деветто одделение во основното образование и имаат доставено потврда со бројот на освоени бодови од приемниот испит.

Приемниот испит се состои од полагање тестови согласно наставните програми по математика од VI до IX одделение и наставните програми по физика за VIII и IX одделение.

Кандидатот/кандидатката писмено се проверува со два поединечни теста по математика и по физика и секој од нив треба да содржи по четири задачи со понудени одговори, четири задачи со дополнување и четири задачи со целосна постапка на решавање.

Времетраењето на писменото проверување за секој предмет (математика и физика) треба да изнесува по 120 минути.

Полагањето на приемниот испит ќе се реализира во просториите на СГГУГС „Здравко Цветковски“ Скопје, Бул. „Партизански Одреди“ бр.91, Скопје и тоа предметот математика на 07.06.2024 година со почеток во 10 часот и физика 11.06.2024 година со почеток во 10 часот.

НАЧИН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Заинтересираните ученици треба да испратат Писмо на интерес со податоци за ученикот и родителот/ старателот (име, презиме, училиште и општина во кое ќе го заврши основното образование, телефонски број од ученикот, телефонски број од еден родител и електронска адреса на ученикот/родителот), на  адресата на ДСУ „Математичко-информатичка гимназија Бул. „Партизански одреди“ бр.91 1000 Скопје како и на електронската адреса matematicka.gimnazija@schools.mk со наслов “За јавен повик за полагање на приемен испит за запишување во Математичко-информатичката гимназија“ најдоцна до 31.05.2024 година.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...