spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Работна посета министерот Велковски на Југоисточниот регион

МТСП: Работна посета министерот Велковски на Југоисточниот регион

Во рамките на теренски посети на Центрите за социјални работи кои периодов ги остварува  Министерот Ѓоко Велковски ги посети Центрите во Валандово и Гевгелија.  Центрите за социјална работа мора да бидат сервис на оние на кој што се најпотребни. Ова го заклучивме од работната средба со вработените во ЦСР Гевгелија – потенцира Велковски.

“Центарот е првата карика во системот на социјална и детска заштита и доколку тиe не функционираат, системот се распаѓа. Евидентно е нефункционирањето на системот и слабостите кои денеска ги гледаме.

”Посетата на Центарот за социјална работа Валандово беше искористена да искористена  да се разговара за актуелните проблеми и системски пропусти при доделување на социјалната помош. Раководството ми потврди дека се најдени вакви случаи и во наредниот период ќе се работи на ставење на системот на здрави нозе со цел социјалната помош да стигне до вистинските корисници.

Покрај работните средби беа остварени четири средби со пензионерите од Југоисточниот регион и тоа од Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.  

Нивните барања и проблеми се скоро идентични. Велат дека никогаш не било полошо за нив. 

Ги знаеме нивните барања и сигурен сум дека ќе има решение за истите. Дури 220.000 пензионери се со под 20.000 денари пензија. Така да тоа е две третини од вкупниот број на пензионери во државата кои што за жал примаат под 20 илјади пензија. Алармантна е навистина состојбата и ќе излеземе во пресрет на нивните барања коишто ги доставуваат до нас – посочи Велковски на средбите.

Немам пари да го дочекам крајот на месецот – вели еден пензионер од Богданци.  

“Пензиите коишто ги земате не се доволни. Тоа го знам, тоа верувам дека е така и тоа секој еден пензионер којшто ќе го сретнам ми го кажува дека пензиите не стигнуваат ни за 15 дена од месецот.

Вие сте ја граделе оваа држава и не смеете да бидете оставени на цедило.

Заслужувате да имате достоинствена старост, да имате достоинствени пензии за вас и за внучињата.

Во наредниот период мораме да работиме на системска правичност која нема да зависи од било какви политички одлуки.” 

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

МОН: Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на...

0
Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки...