spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМаврово и Ростуше: Меморандум за соработка за Проектот на USAID North Macedonia...

Маврово и Ростуше: Меморандум за соработка за Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

На настанот “Партнерство за поефикасно управување во општините” градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски потпиша Меморандум за соработка со Bardhyl Marku Директор на Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Со овој Меморандум општината се обврза во наредниот период од 18 месеци да работи на унапредување на своите капацитети за ефикасно прибирање на приходите од сопствени извори, подобрување на капацитетите за планирање и наплата на локалните даноци, такси и надоместоци, пристап до надворешни ресурси и подобро управување со јавните финансии во согласност со законската регулатива.

Извор: Општина Маврово и Ростуше

Прочитајте