spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Исплатата на петтата финансиска поддршка е планирана за 23.04.2024 година

МТСП: Исплатата на петтата финансиска поддршка е планирана за 23.04.2024 година

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за следните категории на граѓани:

  • корисници на посебен додаток;         
  • корисници на правото на надоместок заради попреченост;         
  • самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и         
  • корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари. 

Финансиската поддршка за корисниците опфатени со овој закон, изнесува 2.000 денари месечно за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош,  за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Финансиската поддршка за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, изнесува:

  • 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка;           
  • 2.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата  на финансиската поддршка и       
  • 1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

Исплатата на финансиската поддршка ќе се изврши без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, за остварено право во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не добилe финансиска поддршка, може да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од осум дена од денот на извршената исплата на финансиската поддршка.

Комисијата, по поднесените приговори одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот. Притоа, Комисијата за одобрените приговори доставува известување до подносителот и до институциите, а за одбиените приговори до подносителот. 

Граѓаните приговорите ги доставуваат по електронски пат на следната електронска пошта prigovori@mtsp.gov.mk, или во архивата на Министерството за труд и социјална политика, со назнака „До Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка“. 

Министерството за труд и социјална политика информира и дека исплатата на петтата финансиска поддршка ќе биде на 23.04.2024 година.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

МОН: Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на...

0
Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки...