Се уредува просторот околу зградите во комплекс УЗУС. Градоначалникот Марко Колев заедно со службите изврши увид на подготвителните земјени зафати. Покрај уредувањето на просторот ќе биде променета и подземнтата водоводна и атмосферска инфраструктура.
Со оваа инвестиција граѓаните од овој дел на градот ќе добијат модерно и функционално катче опремено со детски реквизити, урбана опрема и зелени оази за одмор и рекреација на посетитетлите. Проектот се реализира со финансиски средства од буџетот на Општина Велес во соработка со Бирото за регионален развој.
Извор: Општина Велес