Спортскиот комплекс во населба Дворови под Железен мост го добива својот лик. Двата спортски терени за фудбал и кошарка се завршени, а во наредниот период следува изведба на фитнес зона, опремување на детското катче со реквизити, поставување на вештачка карпа и уредување на патеката за трчање. Просторот ќе биде надополнет со зелени оази и урбана опрема за одмор и рекреација на сите посетители.
Општина Велес продолжува си инвестиции во спортот а преку него и во здравјето на граѓаните.
Извор: Општина Велес