Градоначалникот на општина Јегуновце, беше во работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направи увид на започнати проекти:
- Се работи на изградба на детски паркови во населените места Сиричино, Прељубиште, Шемшово, Јанчиште и Подбреѓе.
- Во тек е оградување и уредување на дворот во основното училиште во населено место Јанчиште како и изградба на нова спортска трибина.
- Во завршна фаза е изградба на крак од колектор за фекална канализација во Сиричино.
- Екипи на ОЈП работат на расчистување на локалните и регионалните патишта од надвиснати гранки на територијата на општина Јегуновце.
Извор: Општина Јегуновце