spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за надомест на средствата платени за објавување на научни трудови...

МОН: Конкурс за надомест на средствата платени за објавување на научни трудови во 2023 година

Врз основа на член 50 од Законот научнo-истражувачка дејност („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16, и 53/16),  член 5 став (1) од Правилникот за остварување на правото на еднократна награда за објавување на научен труд и за надомест на средствата платени за објавување на трудови („Службен Весник на Република  Северна Македонија“, бр.102/18) и Решението за распишување Конкурс  за надомест на средствата платени за објавување на научни трудови во 2023 година  бр.15-3840/1 од 04.04.2024 министерството за образование и наука објавува

Конкурс за надомест на средствата платени

за објавување на научни трудови во 2023 година

1. Министерството за образование и наука објавува Конкурс за надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите на Web of Science или Scopus од наставниците и соработниците избрани на високообразовните/научните установи во Република Северна Македонија (во натамошниот текст: авторите).

2. Авторите кои платиле средства за објавување на труд во списание индексирано во базите Web of Science или Scopus, поднесуваат барање за надомест на средства до Министерството за образование и наука најдоцна една година од денот на објавувањето на трудот.

3. Потребни документи за барање на средства платени за објавување на научни трудови се:

–  Пополнетo барање

– Kопија од објавениот труд од домашен автор во списанија реферирани во базите Web of Science или Scopus;

– Копија од страницата на списанието кадешто е наведен насловот, годината и бројот на списанието, уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен трудот;

– Уверение за државјанство на Република Северна Македонија на авторот/авторите

– Потврда за избор во наставно, соработничко или научно звање.

– Потврда дека авторот е вработен во субјект на научна истражувачка дејност.

– Копија од фактура, односно уплатница за печатење на трудот, поднесена од страна на субјектот за вршење на научно-истражувачката дејност.

– Потврда од страна на субјектот за вршење на научно-истражувачката дејност, дека авторот нема добиено средства од матичната институција или од друга институција и сл. за објавување на трудот;

– изјава на авторите на трудот за процентуална распределба на средствата платени за објавување на трудот

– Изјава за користење лични податоци

– Барањата на авторите на кои им се доделени средства од матичната институција  или од друга институција и сл. за објавување на истиот труд, без оглед во кое списание, нема да бидат разгледувани.   

4. Јавниот конкурс трае до 15 јули  2024 година. Ненавремено или некомплетно барање нема да се разгледува.

5. Финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Северна Македонија.

6. Барањето  и потребната пропратна документација за конкурсот може да се добие во Министерството за образование и наука или на интернет страницата на Министерството ( www.mon.gov.mk).

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите ја пополнуваат електронската пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk. Апликацијата е активна до 15 јули 2024 година

Дополнителни информации за Конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт:

Александар Петров, телефон  02/3140-189 и

e-mail: aleksandar.petrov@mon.gov.mk, канцеларија 1405

и Олга Дуковска-Атов телефон  02/3140-185 и

e-mail: оlga.dukovska@mon.gov.mk, канцеларија 1410

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

 Барање

 Изјава

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Охрид: Успешно реализирана еколошката акција „Генералка Викенд“

0
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти...