HomeМинистерстваМЗ: Реализација на приоритетите во здравство, нови инвестиции и кадровско зајакнување

МЗ: Реализација на приоритетите во здравство, нови инвестиции и кадровско зајакнување

spot_img
spot_img

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева вчера присуствуваше на свеченото одбележување на Светскиот ден на здравјето–7 април.

-Изминатиот период Министерството за здравство посветено работи на реализација на приоритетите во здравството, нови инвестиции во медицинска опрема, подобрување на инфраструктурните услови во јавните здравствени установи, а паралелно и за зајакнување и доусовршување на кадарот, што претставува еден од столбовите на секој здравствен систем.

Со задоволство можам да кажам дека Република Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што официјално го усвои Националниот акциски план за здравствена безбедност, во соработка со СЗО, што е важен чекор напред во зајакнување на нашата посветеност за заштита на здравјето и благосостојбата на нашите граѓани, истакна д-р Манолева во обраќањето.

Овој ден традиционално претставува можност да се зборува за предизвиците во здравството, да се сублимираат реализираните инвестиции во здравствениот систем, како и заеднички да се разгледаат аспектите на идниот развој на здравството во нашата држава.

Избор: Министерство за здравство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија