spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: НајГЛАСна ученичка заедница за 2023/24 е Ученичката заедница при СОУ „МЕТОДИ...

АМС: НајГЛАСна ученичка заедница за 2023/24 е Ученичката заедница при СОУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ – БРИЦО“ од Делчево

Честитки за постигнатиот успех

Честитки и до сите ученички заедници – финалисти кои во текот на целата година работат на застапување на интересите и правата на учениците. На завршниот настан тие посветено работеа на унапредување и промовирање на средношколското учество кое го практикуваат.

За својот особен напредок во областа на средношколско организирање и активност, ученичката заедница при СОУ „Орде Чопела“ доби признание за најнапредната ученичка заедница – пример за огромен успех и демонстрација на вистинско учество.

НајГЛАСни е прва и единствена награда за средношколско учество во нашата земја, но не и последен пат се доделува. НајГЛАСни и следната година ќе дојде  во рацете на ученичката заедница која најмногу демонстрира посветеност кон унапредување на училишната демократија.

Наградата за ученичко учество најГЛАСни! ја доделуваат LEAD, Фондацијата Конрад Аденауер, Сојузот на средношколци и Агенција за млади и спорт.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте