spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Стоковна размена со странство, јануари – февруари 2024 година

ДЗС: Стоковна размена со странство, јануари – февруари 2024 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2024 година, изнесува 74 483.8 милиони денари и бележи пад од 9.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2024 година, изнесува 107 580.9 милиони денари, што е за 1.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2024 година, изнесува 33 097.1 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – февруари 2024, изнесува 69.2 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – февруари 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте