spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Започнува реконструкција на улица Бурса

Битола: Започнува реконструкција на улица Бурса

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот од Советот на општината, Бојан Бојкоски и претставници од општинската администрација, извршија увид на воведните активности за отпочнување на проектот за „Реконструкција на улица „Бурса“ (Индустриска)“. Градоначалникот Коњановски, информираше дека, создадени се потребните услови за непречена реализација на овој проект, така што, изведувачите веќе започнаа со работа на терен.

„Започнуваме со реконструкција на коловозот на уште една важна сообраќајница за градот која значително ќе го олесни функционирањето и ќе придонесе за растоварување на сообраќајот од тешки товарни возила на улица “Македонски гемиџии“.

Со реконструкцијата на улицата „Бурса“ или позната и како „Индустриска“, се реализира едно долгогодишно барање на стопанствениците од овој дел на градот, со што значително ќе се подобрат условите за нивно непречено секојдневно работење. Реконструкцијата се врши во должина од 2,4 километри, во вредност од 37.560.000 денари, а средствата се обезбедени од Светска банка во рамките на проектот за поврзување на локални патишта.

Ова е уште еден од проектите кој локалната самоуправа го реализира со тенденција за создавање подобри инфраструктурни услови во сите делови на општината“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Охрид: Успешно реализирана еколошката акција „Генералка Викенд“

0
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти...